Лични документи

Пасошот е исправа за лична идентификација која му се издава на државјанин заради патување и престој во странство, како и за враќање во земјата. За лица постари од 27 години, пасошот се издава со рок на важење од десет години. За лица на возраст од 4 до 27 години, пасошот се издава со рок на важење од пет години. За лица до навршени 4 години живот, пасошот се издава со рок на важење од две години.

Институција која ја дава услугата

Подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

Потребна документација и трошоци

  1. Пополнето барање за издавање пасош. Барањето можете да го најдете на следниот линк: http://arhiva.mvr.gov.mk/Uploads/baranje%20za%20izdavanje%20pasos.pdf или да го подигнете во просториите на Министерството за внатрешни работи;
  2. За малолетни лица – извод од матична книга на родени, може да биде и копија и/или постар од 6 месеци, а за полнолетни лица – важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација;
  3. За малолетни лица - Важечки лични карти или други јавни исправи за идентификација на родителите или старателот;
  4. Доказ за уплата на 1500 денари за образецот на барањето. Може да се плати преку уплатница (податоците што треба да ги содржи уплатницата можете да ги најдете на: https://mvr.gov.mk/Upload/Documents/uplatnica%20za%20%20pasos.pdf) или со картичка во просториите на Министерството.
  5. За лица до 4 години – доказ за уплата на административна такса во износ од 100 денари, За лица од 4 до 27 години – доказ за уплата на административна такса во износ од 200 денари, За лица над 27 години – доказ за уплата на административна такса во износ од 300 денари. Административната такса може да се плати преку уплатница или со картичка директно во просториите на Министерството. податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на: https://mvr.gov.mk/Upload/Documents/uplatnica%20za%20izdavanje%20pasos.pdf. Напомена: Во делот за износ, се пишува сумата која одговара на возрасната група на подносителот.

Напомена: Личното присуство на подносителот е задолжително. За малолетни лица задолжително е присуството и на родителот/родителите или старателот.

Во редовна постапка, пасошот се издава во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Дополнителни информации

Повеќе информации за услугата можете да најдете на: http://www.mvr.gov.mk/upravni-rab/1

Me letërnjoftimin dëshmohet identiteti, shtetësia, vendbanimi dhe adresa e qytetarëve të vendit. Qytetarët në moshë 18 vjeçare janë të detyruar që të kenë letërnjoftim.



Institucioni i cili e jep shërbimin



Kërkesa për lëshimin e letërnjoftimit parashtrohet në njësinë rajonale të Ministrisë së Punëve të Brendshme sipas vendbanimit të përhershëm të qytetarit. (подрачната единица)



Dokumentacioni dhe shpenzimet e nevojshme


    
  1. Caktimi i terminit: caktim përmes telefonit në numrin 072 92 92 92 dhe 0800 192 92 (vetëm nga telefoni fiks) ose caktim elektronik për dokumente personale http://termin.mvr.gov.mk/
  2. 
  3. Kërkesa e plotësuar për lëshim të letërnjoftimit. Formularin e kërkesës mund ta gjeni këtu: https://mvr.gov.mk/Upload/Documents/, ndërsa mund ta merrni edhe në hapësirat e Ministrisë së Punëve të Brendshme.
  4. 
  5. Dëshmi për pagesë prej 190 denarë për kërkesën. Të dhënat për plotësimin e fletëpagesës mund t’i gjeni në këtë link: https://mvr.gov.mk/Upload/Documents/uplatnica%20za%20licna%20karta.pdf. Përveç përmes fletëpagesës, për formularin mund të paguani edhe me kartelë në hapësirat e Ministrisë së Punëve të Brendshme. 
      
    • (PËR PERSONAT E MOSHËS MADHORE)
      Letërnjoftim i vlefshëm nga njëri prind.
    • 
    • (PËR PERSONAT E MITUR)
      Prezencë personale të prindit/ërve me dokument për identifikim Ekstrakt nga libri i amzës i të lindurve - origjinal ose kopje
    • 
    


Informatat plotësuese



Më shumë informata për shërbimin mund të gjeni në:  http://www.mvr.gov.mk/upravni-rab/10

Со оваа услуга може да се замени возачка дозвола со истечен рок, или возачка дозвола која има најмногу еден месец до истекот на нејзината важност. Временскиот рок за издавање е 15 денови.

Институција која ја дава услугата

Барањето за издавање возачка дозвола се поднесува до Министерството за внатрешни работи според местото на живеење.

Потребни документи и трошоци

  1. 1. Барање за издавање на возачка дозвола достапно на следниот линк. http://www.mvr.gov.mk/Upload/Documents/baranje%20vozacka.pdf
  2. Возачка дозвола
  3. Важечка лична карта на увид.
  4. 280 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
  5. 170 денари административна такса (уплатница или уплата со платежна картичка доколку канцеларијата на Министерството за внатрешни работи има таква можност)
  6. Лекарското уверение за телесна и душевна способност од овластена здравствена организација, кое е потребно само во следниве случаи: доколку возачот има над 70 години; доколку возачот има Ц1, Ц1Е, Ц, ЦЕ, Д1, Д1Е, Д, ДЕ и Т категорија во возачката дозвола; ако возачот има ограничување на важноста за возачката дозвола поради здравствена состојба.
НАПОМЕНА: Со барaњето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка книшка за кое е потребно:
  • пријава за возачка книшка
  • уплатница од 100 ден
  • копија од лична карта
  • копија од возачка дозвола
  • 2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 цм
 

Дополнителни информации

Повеќе информации за услугата можете да најдете на https://mvr.gov.mk/upravni-rab/5

Граѓаните се должни да ја заменат личната карта, доколку:

  1. ѝ истекува рокот на важење;
  2. граѓанинот ја промени адресата на живеалиштето
  3. граѓанинот го смени личното име и/или
  4. службено лице забележи дека личната карта на граѓанинот е оштетена или дотраена, односно изгледот на имателот на личната карта е до тој степен изменет што веќе не одговара на фотографијата прикажана на личната карта.

Секторот за внатрешни работи при МВР ја издава новата лична карта во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

Институција која ја дава услугата

Потребните документи се поднесуваат во органот на Министерството за внатрешни работи кој првично ја издал личната карта, ако во меѓувреме граѓанинот не го променил местото на живеење.

Потребни документи и трошоци

Постапката за замена на личната карта започнува со закажување термини, и тоа:

  • преку бесплатниот телефонски број 0800 192 92 (само преку фиксен телефон);
  • преку телефонскиот број 072 929 292 (преку мобилен телефон) или
  • преку интернет-страницата на МВР – termin.mvr.gov.mk.

Документи потребни за замена на личната карта:

  1. барање за замена на личната карта (се подигнува од шалтер во Секторот за внатрешни работи при МВР или се презема од следниот линк);
  2. оригинал уплатница на износ од 190 денари (Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на овој линк или плаќање со платежна картичка на шалтерот на МВР и
  3. старата лична карта заради увид или нејзино поништување.

Дополнителни документи во зависност од причината поради која се бара замена на личната карта:

  1. договор за купопродажба на куќа/стан заверен на нотар или имотен лист како доказ за промена на адресата на живеалиштето, ако причината е промена на адресата на живеалиштето, а барањето и документите се поднесуваат во рок од 30 дена од датумот на промена на живеалиштето;
  2. докази потребни при промена на личното име: извод од матичната книга на родени со новото презиме, извод од матичната книга на венчани, важечка лична карта на брачниот другар на барателот кој ја заменува личната карта, кои заедно со барањето се поднесуваат во рок од 30 дена од датумот на промената.

Дополнителни информации

Повеќе информации за услугата можете да најдете на следната интернет страница на Министерството за внатрешни работи https://mvr.gov.mk/upravni-rab/10
Пасошот е исправа за лична идентификација која му се издава на државјанин заради патување и престој во странство, како и за враќање во земјата. За лица постари од 27 години, пасошот се издава со рок на важење од десет години. За лица на возраст од 4 до 27 години, пасошот се издава со рок на важење од пет години. За лица помлади од 4 години, пасошот се издава со рок на важење од две години. Пасошот може да се замени и пред истекот на неговата важност, при што се предава заедно со барањето за издавање на нов пасош, се продупчува од службеникот и таков се враќа на сопственикот.

Институција која ја дава услугата

Министерство за внатрешни работи, преку испоставите опремени за давање на оваа услуга. Задолжително е закажување на телефонскиот број 072 92 92 92 или 0800 192 92, или електронски на http://termin.mvr.gov.mk/

Потребна документација и трошоци

  1. Пополнето барање за издавање пасош. Барањето можете да го најдете на следниот линк или да го подигнете во просториите на Министерството за внатрешни работи во кои се дава оваа услуга;
  2. За малолетници – извод од матична книга на родени на малолетникот (може да биде и копија и/или постар од 6 месеци), како и важечки лични карти или други јавни исправи за идентификација на родителите или старателот
  3. За полнолетни лица – важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација
  4. Стариот пасош, доколку сѐ уште не му е истечена важноста
  5. Заверена уплатница за уплата за образецот на барањето (податоците што треба да ги содржи уплатницата можете да ги најдете на овој линк) или уплата со платежна картичка на лице место – доколку локалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи располага со таква можност. Кога пасошот се издава во редовна постапка (односно најдоцна во рок од 15 денови од денот на поднесување на барањето), за образецот на барањето се наплаќаат 1500 денари. Граѓанинот може да побара издавањето да се направи во итна постапка (односно најдоцна во рок од 48 часови од денот на поднесување на барањето), а во тој случај за образецот на барањето се наплаќаат 4500 денари.
  6. Заверена уплатница за уплата на административна такса или уплата со платежна картичка на лице место – доколку локалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи располага со таква можност. Износите на таксата се: за лица до 4 години – 100 денари, за лица од 4 до 27 години – 200 денари, за лица над 27 години – 300 денари. Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на следниот линк. Напомена: Во делот за износ, се пишува сумата која одговара на возрасната група на подносителот.
Напомена: Личното присуство на подносителот е задолжително. За малолетни лица задолжително е присуството на детето како и на родителот/родителите или старателот.

Дополнителни информации

Повеќе информации за услугата можете да најдете на следната интернет страница на Министерството за внатрешни работи: https://mvr.gov.mk/upravni-rab/1, или да добиете на телефонските броеви 072 92 92 92 и 0800 192 92.
Се издава на државјанин на земјата или странец кој прв пат положил возачки испит во Република Северна Македонија.

Институција која ја дава услугата

Министерството за внатрешни работи. Задолжително е закажување на телефонскиот број 072 92 92 92 или 0800 192 92, или електронски на следната интернет страница

Потребна документација и трошоци

  1. Барање за издавање на возачка дозвола достапно на следниот линк
  2. Барање за издавање на возачка книшка достапно на следниот линк
  3. Важечка лична карта на увид. Странец кој прв пат положил возачки испит во Република Македонија приложува документ кој служи за утврдување идентитет на странец и доказ за одобрен законски престој од најмалку шест месеци во Република Северна Македонија.
  4. Лекарско уверение
  5. Уверение за положен возачки испит
  6. 2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 цм
  7. Заверена уплатница за платени 280 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (или уплата со платежна картичка на лице место, доколку локалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи располага со таква можност); податоците за уплата се достапни на следниот линк
  8. Заверена уплатница за платени 110 денари административна такса (или уплата со платежна картичка на лице место, доколку локалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи располага со таква можност)
  9. Заверена уплатница за платени 100 денари за трошоци за издавање на возачка книшка (или уплата со платежна картичка на лице место, доколку локалната канцеларија на Министерството за внатрешни работи располага со таква можност)

Дополнителни информации

Повеќе информации за услугата може да најдете на следната интернет страница на Министертсвото за внатрешни работи https://mvr.gov.mk/upravni-rab/5