Раѓања, бракови и смртни случаи

Рокот за издавање на изводот од матичната книга на родените е 5 работни дена од поднесувањето на барањето заедно со потребните документи.

Институција која ја дава услугата

Управата за водење на матичните книги. Подрачните единици на Управата можете да ги видите на следниот линк

Потребна документација и трошоци

  1. Копија од лична карта или пасош од родителите и оригинал за увид при приложување на документите
  2. Пополнето барање за издавање на извод од матична книга на родени. Формуларот за барањето можете да го најдете на овој линк: https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/baranje_rodeni_web.pdf, или во просториите на Управата за водење матични книги.
  3. Доказ за уплата на административна такса во износ од 100 денари. Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на: https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/admin_taksa.jpg. Освен со уплатница, административната такса можете да ја платите и со платежна картичка во оние простории на Управата за водење матични книги кои располагаат со ваква можност.
  4. Доказ за уплата од 50 денари на Управата за водење на матичните книги. Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/pp50.jpg. Освен со уплатница, административната такса можете да ја платите и со платежна картичка во оние простории на Управата за водење матични книги кои располагаат со ваква можност.

Дополнителни информации

Повеќе информации за услугата можете да најдете на: https://www.uvmk.gov.mk/mk/izdavanje-na-izvod

Во матичната книга на венчани се запишуваат основните лични податоци на граѓаните при венчавање. Брачните партнери поднесуваат барање за венчавање во време кое самите ќе го определат. Актот на венчавање се запишува во матичната книга на венчани во моментот кога тој е склучен, со што и формално правно бракот се смета за склучен.

Институција која ја дава услугата

Управата за водење на матичните книги. Подрачните единици на Управата можете да ги видите на следниот линк

Потребна документација и трошоци

За склучување на брак и издавање на извод од матична книга на венчани потребни документи се:

  1. Пополнето барање за издавање на извод од матична книга на венчани. Образецот можете да го најдете на овој линк: https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/baranje_vencani_web.pdf или да земете примерок во просториите на Управата за водење матични книги.
  2. Важечка лична карта или пасош на идните брачни другари;
  3. Извод од матична книга на родени од идните брачни другари;
  4. Доказ за уплата на административна такса во износ од 100 денари. Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/admin_taksa.jpg. Освен со уплатница, административната такса можете да ја платите и со платежна картичка во оние простории на Управата за водење на матичните книги кои располагаат со таква можност.
  5. Доказ за уплата од 50 денари на Управата за водење на матичните книги. Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/pp50.jpg. Освен со уплатница, надоместот можете да го платите и со платежна картичка во оние простории на Управата за водење на матичните книги кои располагаат со таква можност.

Дополнителни информации

Повеќе информации за услугата можете да најдете на: https://www.uvmk.gov.mk/mk/prijavuvanje-na-brak-i-vencanica

Починатото лице се запишува во матичната книга на умрените. Членовите на семејството се должни во рок од 30 дена од смртта да го пријават починатото лице.

Институција која ја дава услугата

Управата за водење на матичните книги. Подрачните единици на Управата можете да ги видите на следниот линк

Потребна документација и трошоци

  1. Потврда за смртта (од болница);
  2. Лична карта или пасош на починатиот и на пријавителот;
  3. Извод од матичната книга на родените на починатиот;
  4. Барање за издавање на извод од матична книга на умрени. Образецот на барањето можете да го најдете на овој линк: https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/baranje_umreni_web.pdf, а можете да го подигнете и од просториите на Управата за водење матични книги.
  5. Доказ за уплата на административна такса во износ од 100 денари. Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/admin_taksa.jpg. Покрај преку уплатница, административната такса можете да ја платите и со картичка во просториите на УВМК.
  6. Доказ за уплата од 50 денари на Управата за водење на матичните книги. Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/pp50.jpg. Покрај преку уплатница, надоместот можете да го платите и со картичка во просториите на УВМК.

Дополнителни информации

Повеќе информации за услугата можете да најдете на овој линк: https://www.uvmk.gov.mk/mk/prijavuvanje- i-izvod-na-pocinato-lice

Брачните другари поднесуваат барање за венчавање, во време кое самите ќе го определат. Актот на венчавање се запишува во матичната книга на венчани во моментот кога истиот е склучен, со што и формално-правно бракот се смета за склучен и настануваат правата и обврските од Законот за семејството и останатите прописи со кои се регулираат прават и обврските на брачните партнери.

Институција која ја дава услугата

Управата за водење на матичните книги. Подрачните единици на Управата можете да ги видите на следниот линк

Потребни документи

  1. Лична карта или пасош (за идентификација)
  2. Извод од матична книга на родени од идните брачни другари
  3. Барање за издавање на извод од матична книга на венчани (Барање)
  4. Доказ за уплата на административна такса во износ од 100 денари. Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на следниот линк. Освен со уплатница, административната такса можете да ја платите и со платежна картичка во оние простории на Управата за водење на матичните книги кои располагаат со таква можност.
  5. Доказ за уплата од 50 денари на Управата за водење на матичните книги. Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на следниот линк. Освен со уплатница, надоместот можете да го платите и со платежна картичка во оние простории на Управата за водење на матичните книги кои располагаат со таква можност.

Дополнителни информации

Список со ознаки на единиците на локалната самоуправа која е потребна при пополнување на уплатниците.

Секое новороденче треба да биде запишано во матична книга на родени. Родителите имаат обврска да поднесат барање за запишување на нивното дете во матичната книга на родени во рок од 30 дена од раѓањето. Матичната книга на родени ги содржи основните лични податоци на граѓаните и нивните родители, и тоа: име и презиме; пол; час, ден, месец, година и место на раѓањето; државјанство; матичен број; живеалиште и адреса на родителите. Рокот за издавање на изводот од матичната книга на родените е 5 работни дена од поднесувањето на барањето заедно со потребните документи.

Институција која ја дава услугата

Испоставата на Управата за водење на матичните книги на подрачјето каде што се родило детето. Испоставите можете да ги видите на следниот линк

Потребна документација и трошоци

  1. Копија од лична карта или пасош од родителите и оригинал за увид при приложување на документите
  2. Извод од матична книга на венчани од родителите (датумот на издавање да не е постар од 2007 година); доколку не се венчани – извод од матична книга на родени од родителите, при што е задолжително присуство на двајцата родители
  3. Пополнето барање за издавање на извод од матична книга на родени за новороденче. Формуларот за барањето можете да го најдете на овој линк: https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/baranje_novorodence_web.pdf, или во просториите на Управата за водење матични книги.
  4. Доказ за уплата на административна такса во износ од 100 денари. Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на: https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/admin_taksa.jpg. Освен со уплатница, административната такса можете да ја платите и со платежна картичка во оние простории на Управата за водење матични книги кои располагаат со ваква можност.
  5. Доказ за уплата од 50 денари на Управата за водење на матичните книги. Податоците за пополнување на уплатницата можете да ги најдете на https://www.uvmk.gov.mk/files/pdf/pp50.jpg. Освен со уплатница, надоместот можете да го платите и со платежна картичка во оние простории на Управата за водење матични книги кои располагаат со ваква можност.

Дополнителни информации

Повеќе информации за услугата можете да најдете на: https://www.uvmk.gov.mk/mk/izdavanje-na-izvod