Мрежа на партнерски организации

Центар за Управување со Промени

Здружението за развој, Центар за управување со промени (ЦУП) е непрофитна, невладина организација која промовира разбирање и ненасилни промени во oпштеството. Организацијата се фокусира на меки мерки и политики кои им помагаат на различни ентитети да ги прифатат промените во општеството како нормални ситуации и да ги претворат во позитивни резултати. 

Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит

Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит работи во партнерство со поединци и организации на проучување, градење и промовирање на активности и практики на развој и добро управување кои ќе придонесат за општествен напредок  и благосостојба.